Турција
Уапсени 15 офицери поради поврзаност со мрежата на Ѓулен
22.12.2017 14:24
Полицијата трага уште по уште еден офицер, а акцијата која почна во Анкара е проширена во девет провинции.

Турската полиција упаси 15 високи офицери во рамките на истрагата за мрежата на Фетулах Ѓулен, осомничен дека е организатор на минатогодишниот обид за воен удар. Полицијата трага уште по уште еден офицер, а акцијата која почна во Анкара е проширена во девет провинции.
Повеќе од 50.000 лица во затворите чекаат судење по минатогодишниот пуч, а повеќе од 150.000 луѓе добија отказ или се сменети поради поврзаност со Ѓулен.
