Убиен Палестинец во судирите поради статусот на Ерусалим

22.12.2017 16:15

Покрај појасот Газа, палестинските демонстранти се судираат со израелските војници и на Западниот брег и во Источен Ерусалим.

Еден Палестинец бил убиен во судирите со израелските сили на границата на појасот Газа, каде што не стивнуваат немирите поради одлуката на САД да го признаат Ерусалим како главен град на Израел.

Покрај појасот Газа, палестинските демонстранти се судираат со израелските војници и на Западниот брег и во Источен Ерусалим.

Статусот на овој град е еден од најголемите спорови меѓу двата народа, за кој САД со децении сметаа дека треба да се реши на преговарачка маса.