Собрание

Предлог- буџетот на пленарна седница, Тевдовски вети домаќинско трошење на парите

22.12.2017 17:03

Државната каса за в година на пленарна седница во Законодавниот дом. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не учествуваат во расправата. Првиот финансиер Тевдовски најави домаќинско трошење на парите. Вели повисоки стапки на раст, зголемување на платите, подобар животен стандард и социјална правда...

Повисок економски раст, зголемено продуктивното вработување, повисок животен стандард, повисоко ниво на социјална правда и интензивирање на ЕУ и НАТО процесите- ова се клучни цели на предлог буџетот за 2018-та, во експозето пред народните избраници посочи министерот Тевдовски.

Државната каса ќе тежи 3,44 милијарди евра. Народните пари ќе се трошат за подорбуавње на економијата и животот на граѓаните, а не за распиништво и непродуктивно трошоци, нагласи чуварот на државната каса.

Вкупните приходи се проектирани на 3,14 милијарди евра. Буџетскиот дефицит е предвидено да се позиционира на 2,7 проценти од БДП, за 0,2 насто намалување споредбено со лани. Според Тевдовски, државанта каса ќе се финансира со задолжувања во странство преку еврообврзница и со странски поволни кредити и позајмици од домашниот пазар.

Повеќе пари ќе има за плати во одбраната, здравството, зголемување на месечниот надоместок ќе добијат вработените во образованието. Во 2018-та се очекува домашната економија да заздрави, да се врати довербата кај инвеститорите, да расте извозот, реалниот економски раст да изнесува 3,2 проценти, и е согласно предвидувањата на релевантните меѓународни финансиски институции и Централната банка- рече Тевдовски.

Во содржината на предлог- буџетот стои, стапка на инфлација од 1,7 насто, даночни приходи тешки 114,8 милијарди денари, расходи проектирани на 187,6 милијради денари. Капиталните инвестиции се на ниво од 400 милиони евра за 3,4 проценти пвиоски од лани.

За 3,4 насто потешка касата и на Народниот правобранител. Ова е буџет за финансиска стабилизација на Република Македонија, ги има развојната и социјалната компонента- е ставот на СДСМ.

Во собраниската сала, останаа празни столчињата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Сузана Фиданска- Стоевска