Шпанија

Фелипе VI: Каталонците да се откажат од поделбата

25.12.2017 10:06

Лидерите на Каталонија мора да се соочат со проблемите кои ги засегаат сите граѓани, да ја почитуваат нивната различност и да размислуваат одговорно, за доброто на сите, изајви кралот на Шпанија...

Шпанскиот крал Фелипе Шести го искористи традиционалното божикно обраќање да го повика новоизбраниот каталонски парламент да се откаже од натамошните чекори за поделба. По предвремените регионални избори, на власт се вратија партиите на движењата на сепаратистите

„Патот пред нас не смее повторно да нè донесе во судир или поделба, тоа како што знаеме, создава неизвесност и мака. Лидерите на Каталонија мора да се соочат со проблемите кои ги засегаат сите граѓани, да ја почитуваат нивната различност и да размислуваат одговорно, за доброто на сите“, изајви Фелипе Шести, крал на Шпанија.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој го распушти претходниот состав на каталонскиот парламент, откако Карлес Пуџдемон прогласи независност, повикувајќи се на референдумот на кој беше поддржана опцијата за одделување од официјален Мадрид. Врховниот суд и централната влада го прогласија за неважечки и покренаа судски постапки против челниците на Каталонија.