Села: Алијансата не ја напушта власта
25.12.2017 10:09
Села посочи дека на состанокот не се разговарало за излегување од владата и дека раководството на партијата ги разгледало извештаите од локалните избори.

Алијансата за Албанците не излегува од владината коалиција. Лидерот Зијадин Села по состанокот на Централното собрание што се одржа во Гостивар рече дека очекува нова средба со премиерот Заев, за да разговараат повторно околу условите за нивното останување во коалицијата.
Села посочи дека на состанокот не се разговарало за излегување од владата и дека раководството на партијата ги разгледало извештаите од локалните избори.
На состанокот било разговарано и за подготовките на партискиот конгрес, кој што ќе се одржи во март.
