Битола

Иницијатива за субвенционирање на струјата

25.12.2017 10:17

Законско решение за целодневна субвенција на електричната енергија. Пелагониските општини, спасот за загадениот воздух го бараат во поевтината струја. Испратија граѓанска иницијатива до властите...

Зимава, ретки се деновите кога загаденоста на воздухот над Пелагонија се движи во рамките на дозволеното. Најчесто присуството на штетните пием честички е за неколкупати повисоко. Ваквата состојба и неисполнетите ветувања уште при почетокот со работа на РЕК Битола повод да почнеме со процедурата за целодневна субвенционирана тарифа на електричната енергија, велат од неодамна формираната граѓанска иницијатива.

Драган Вељанов од Граѓанската иницијатива, вели дека преку отворената Фејсбук страна и непосредните контакти и останатите граѓани даваат подршка.

Напоменуват дека вакви иницијативи не се непознати и за напредните земји во регионите каде се големите електроенергетски потенцијали. Од иницијативата апелираат да се пресликаат дел од нивните законски решенија. Сметаат и дел дека нашите актуелни, нудат простор за решавање на барањето.

Знаат дека целокупната процедура е подолг процес, но велат дека не им се брза, сѐ додека на направат сеопфатен и издржан документ кој потоа ке го достават до надлежните институции.

Стевче Митревски