Пакетчето- најомилен подарок на децата
Дедо Мраз никогаш не доаѓа празен. Останува традицијата да се подари за нов почеток. Најмалите се во исчекување, но џебот ја диктира големината на подарокот. Но, сепак никој не се откажува од намерата да предизвика насмевка со новогодишно пакетче. Од година в година апетитите растат. Ако некогаш најчесто се подаруваше чоколадо и бонбони, сега доминираат играчките, но и нова облека...

Џебот ја диктира големината на подарокот, но речиси никој не заборава да подари. Некои поскромно, некои полускузно, сепак, традицијата да се изрази почит и да се направи радост за најмалите останува белег на новогодишните празници.
Подарокот дополнително добива на вредност ако го донесе Дедо Мраз. Заштитното лице за новогодишните празници, носи магија и онаму каде што престанале да веруваат во чуда и приказни.
Родителите велат- традицијата не се менува, за најмалите ако треба се троши и последниот денар. Се купуваат пакетчиња со чоколади и грицки, но последниве години сѐ повеќе се фокусираат и на играчки. Децата се во очекување на подароците, но имаат и свои желби кои си ги посакуваат за во Новата година.
Во Скопје веќе се чувствува новогодишната еуфорија. Големата елка е украсена. Почна и предногодишниот базар. Најголемата шопинг манија е на два три дена пред најлудата ноќ.
Дијана Ценевска
