ВМРО-ДПМНЕ: Да запре политичкиот прогон

25.12.2017 10:53

ВМРО-ДПМНЕ бара безусловно запирање на сите процеси на политички прогон, итно и безусловно стопирање на малтретирањето, теророт...

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека по директива на премиерот Заев врши класична тортура, политички прогон, малтретира и затвора политички неистомисленици. Партијата бара овој политички прогон да запре, затоа што граѓаните заслужуваат правна држава, слобода и еднаквост за сите.

ВМРО-ДПМНЕ бара безусловно запирање на сите процеси на политички прогон, итно и безусловно стопирање на малтретирањето, теророт, како и пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со политички прогон, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.