Одложено судењето за „Поткуп“, се чека одлуката на Апелација
Адвокатскиот тим на Заев, бара од советот на Апелација да ја издвои од доказите. Заев е обвинет дека побарал и земал поткуп во висина од 160 илјади евра од струмички бизнисмен во врска со легализација на земјиште.

Ново одложување на судскиот процес „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Ќе се чека одлуката на повисокиот суд, дали видео снимката која протече во јавноста може да се користи како доказ во постапката против него.
Адвокатскиот тим на Заев, бара од советот на Апелација да ја издвои од доказите. Заев е обвинет дека побарал и земал поткуп во висина од 160 илјади евра од струмички бизнисмен во врска со легализација на земјиште.
На прашање што очекува од Апелација, Заев одговори дека очекува жалбата да биде прифатена, но како и да одлучи Судот ќе ја почитува одлуката.
„Жалбата е суштествена во самата постапка и се однесува на тоа дали јавно објавените ПИ-мерки во продолжение на рочиштето ќе бидат доказ или не. Јас сакам таа снимка да биде јавно достапна за да може да ја видат сите комплетно, без деловите каде е пресечена заради тоа што не само што сум убеден во добивањето на правдата и потврдувањето на мојата невиност, затоа што извршувам висока политичка функција“, изјави Заев.
Последната седница во Апелацискиот суд беше одложена бидејќи судијата известител за овој случајот е избран за судија во Врховен суд. Седницата беше одложена на неопределено време.
