Заев му посака среќа на Мицкоски, очекува критичен осврт од опозицијата

25.12.2017 11:24

Прмеиерот Заев очекува соработка со опозицијата. Вели штом ќе се јави потреба би имале и прва средба, без разлика кој ќе ја иницира...

Премиерот Заев му посака среќа на новоизбраниот лидер на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Очекува соработка. Вели штом ќе се јави потреба би имале и прва средба, без разлика кој ќе ја иницира.

„Очекувам конструктивен процес во Парламентот и критичен осврт од опозицијата. Можам само да му посакам среќа на новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и заедно сите да му ја мислиме за Република Македонија“, изјави Заев.

Заев очекува опозицијата да се врати во Парламентот, а Села да го прифати вицепремиерското место за реформи.

„Учеството на опозицијата е неопходно за да имаме нормални и демократски процеси. Убеден сум дека опозицијата треба да биде составен дел од сето она што значи реформски процес, но и сето она што значи добри перспективи на Република Македонија“, нагласи Заев.