Гостиварските наставници ќе ја добијат ноемвриската плата

25.12.2017 12:14

Парите за дотации од Министерството беа префрлени, но проблемот настана меѓу мнозинството во советот и локалната власт, што го закочи ребалансот и ја блокираше исплатата на платите на повеќе од илјада луѓе.

Гостиварските наставници ќе ја добијат ноемвриската плата. Советот на општината едногласно ја донесе одлука за ребаланс на буџетот за образование, со што е надминат проблемот во основните и во средните училишта.

Парите за дотации од Министерството беа префрлени, но проблемот настана меѓу мнозинството во советот и локалната власт, што го закочи ребалансот и ја блокираше исплатата на платите на повеќе од илјада луѓе.

Поради ова, во петокот, вработените во основното училиште „Единство“ ја бојкотираа наставата.