Собрание: Пауза поради немање кворум
За именување на јавен обвинител, Собранието решава со просто мнозинство од 61 глас. Во Собранието на двапати се гласаше по оваа точка, но поради недоволен број пратеници, спикерот на Парламентот даде пауза.

За денеска во Собранието се најавени продолженија на две собраниски сесии. На 22-та седница пратениците гласаат за именување нов државен јавен обвинител, откако на 15-ти декември ја завршија расправата по владиниот предлог Љубомир Јовески да биде именуван на оваа функција.
За именување на јавен обвинител, Собранието решава со просто мнозинство од 61 глас. Во Собранието на двапати се гласаше по оваа точка, но поради недоволен број пратеници, спикерот на Парламентот даде пауза.
Во продолжението на 27-та собраниска сесија ќе се разгледува предлогот на претседателот Ѓорге Иванов за избор на Дарко Костадиновски и Осман Кадриу за судии на Уставниот суд на Република Македонија.
Шефот на државата пред еден месец ги предложи Дарко Костадиновски и Осман Кадриу за нови судии на Уставниот суд.
