Јавните услуги тешко достапни за ранливите групи

25.12.2017 13:19

Само 18 отсто од граѓаните се задоволни од услугите на јавната администрација...

Најдобри услуги граѓаните добивале од Министерството за внатрешни работи при издавање лични документи, а најлоши од Центарот за социјални услуги, ова го пoкажало истражувањето на Центарот за европски стратегии реализирано во соработка со Македонската платформа против сиромаштијата.

„Само 18 отсто од граѓаните се задоволни од услугите на јавната администрација. Поединечно по институции, најзадоволни се од работата на Министерството за внатрешни работи, односно од службите за издавање патни исправи, додека најмалку се заодоволни од работата на центрите за социјална политика“, посочи Дијана Жупановска, од Центарот за европски стратегии Евротинк.

Истражувањето денеска им беше презентирано на претставници на Министерството за информатичко општество и администрација, а понатаму планирано е да се оди до надлежните министерства со цел да се посочат проблемите содржани во него.