Оштетен воз на линијата Жеровјане- Гостивар
25.12.2017 13:21
Од ударот било предизвикано оштетување на моторот и карданот, поради што возот веднаш сопрел.

Патничкиот воз што сообраќа на релација Скопје- Кичево, вчера по 18 часот удрил во поставени камења на делот од пругата меѓу железничките станици Жеровјане и Гостивар.
Од ударот било предизвикано оштетување на моторот и карданот, поради што возот веднаш сопрел.
Како што информира МВР, нема повредени патници, а железничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин до 23 часот, кога бил нормализиран.
