Метео: Сончево и релативно топло за овој период од годината
25.12.2017 14:03
По одделни котлини вклучувајќи ја и Скопската се очекува појава на магла.

Утре во Македонија ќе се задржи сончево и релативно топло време за овој период од годината со мала до умерена облачност.
По одделни котлини вклучувајќи ја и Скопската се очекува појава на магла.
Максималната температура ќе достигне до 14 степени. Овие временски услови ќе продолжат до среда,а од четврток ќе настапи промена на времето.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
