Собранието го избра Љубомир Јовески за државен јавен обвинител

25.12.2017 14:45

Јовески во свечената изјава се обврза дека ќе го почитува Уставот и законите и дека ќе работи чесно, совесно и непристрасно. Ќе работи на враќањето на довербата на граѓаните во Јавното обвинителство.

Собранието на Република Македонија на продолжението на 22-та седница со 61 глас „за“, еден воздржан и ниту еден против, го избра Љубомир Јовески за државен јавен обвинител.

Јовески во свечената изјава се обврза дека ќе го почитува Уставот и законите и дека ќе работи чесно, совесно и непристрасно. Ќе работи на враќањето на довербата на граѓаните во Јавното обвинителство.

„Пред голем предизвик сме да ја вратиме загубената доверба во работата на обвинителството пред граѓаните и да се профилира како професионална институција што ќе ги гони сторителите на кривични дела. Затоа ќе работам обвинителството да ја зашитува законитоста и да обезбедуа владеење на правото во Република Македонија“, изјави Јовески.

Новиот државен јавен обвинител уверува дека Обвинителството ќе се дистанцира од извршната власт и другите центри на моќ и ќе биде самостоен државн орган надлежен за гонење на криминал.

Ја гарантирам самостојноста во постапувањето на јавните обвинители и инсистирам да го истражуваат и гонат криминалот и корупцијата, а своите одлуки да ги носат исклучиво врз основа на доказите и фактите што ќе се утврдат, а утврдувањето на вистината да им биде приоритетна цел, рече новиот јавен обвинител.

Расправата по неговиот избор и гласањето се одржаа без присуство на пратениците од опозицијата. Јавниот обвинител има мандат од шест години со право на повторно именување.