Заев очекува опозицијата да се врати во Собранието, Села да го прифати вицепремиерското место
Премиерот Зоран Заев му посака среќа на новоизбраниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Очекува соработка. Вели штом ќе се јави потреба би имале и прва средба, без разлика кој ќе ја иницира. Заев очекува опозицијата да се врати во Парламентот, а Села да го прифати вицепремиерското место за реформи.
„Очекувам соработка- штом ќе има потреба ќе има и средба, без разлика кој ќе ја иницира“- премиерот Зоран Заев му посака среќа на новоизбраниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Очекува опозициската партија да се врати во законодавниот дом за како што рече, да има нормални демократски процеси.
Во однос на владината коалиција, премиерот се надева дека Алијансата на Албанците, како млада партија, ќе го прифати вицепремиерското место за реформи. Ресорот здравство, вели Заев, е важен и затоа засега нема нови отстапки и компромиси.
По седницата на Централното собрание на Алијансата, Села изјави дека остануваат во владината коалиција и не се откажуваат од ресорот здравство.
Наташа Гркова- Петрушевска
