Г. Петар: Ние сме посебен народ, црква и држава

25.12.2017 14:54

Иако сме блиски, сепак сме посебни и различни со источниот сосед, според јазикот и црквата, изјави митрополитот Пелагонсики, господин Петар, коментирајќи ги реалзииите на МПЦ и Бугарската црква.

Не е спорно дека со Бугарите имаме многу сличности и заеднички моменти, но не сме исти. Мора да ги разграничиме посебностите односно различностите и сличностите, да не ги мешаме на штета на јазикот, државата па и црквата, вели митрополитот Г. Петар по враќањето од преговорите во Бугарија и спроти утрешната седница на синодот на МПЦ.

За него не е спорно дека со Бугарите имаме некои заеднички работи и сличности, но сепак не сме исти. И различностите и сличностите да не ги мешаме со истоветноста по прашањата на црквата, јазикот, името, државата и останатите посебности што ги имаме како народ.

„Најбитното од сѐ е дека ние сме посебен народ, посебна Македонска црква Охридска Архепиоскопија. Посебна држава со посебен македонски јазик кој не е бугарски дијалект“, вели Митрополитот Преспанско- пелагониски, Г. Петар.

Во спротивно би биле една држава,црква и народ со еден јазик, вели митрополитот Г. Петар кој беше дел од нашата висока црковна делегација на минатоделнита средба со бугарските високодостојници.

Да имавме средба со нивниот свет Синод и Комисијата за разговори со нашата комисија. Мислам дека разјаснивме некои работи и во иднина не би требало да има некакви шпекулации“, вели митрополитот Г. Петар.

 

Стевче Митревски