Французите ги ожнеаа медалите во фристајл крос
20.02.2014 12:43
Жан Фредрик Шапуи ги обедини олимпиското и светското злато со убедлив триумф во финалето, поминувајќи ја целта пред сонародниците Арно Боволент и Жонатан Мидол. Канаѓанецот Бреди Леман остана без пласман на подуимот, иако влезе во последната трка со најдобар резултат од сите четворица натпреварувачи.
Во претходните елиминации испаднаа најголемите фаворити за медалите, Филип Флисар од Словенија, Норвежанецот Џуел и сребрениот од Ванкувер пред 4 години, Австриецот Андреас Мат.

Во поредокот, Канада останува на врвот на табелата со 3 златни одличја. Франција се проби на 4-та позиција со златото на Шапуи, зад САД и Белорусија. До крајот на фристајл програмата, дамите ќе возат халфпајп и крос.