САД го кратат финансискиот придонес во Обединетите нации
Американската амбасадорка во Организацијата, Ники Хејли предупреди дека веќе нема да се злоупотребува великодушноста на американскиот народ, обвинувајќи ги земјите-членки за неконтролирано и неефикасно трошење на средствата.

САД ќе го скратат својот финасиски придонес во буџетот на Организацијата на Обединетите Нации за 285 милиони долари во фискалната 2018- 2019 година.
Американската амбасадорка во Организацијата, Ники Хејли предупреди дека веќе нема да се злоупотребува великодушноста на американскиот народ, обвинувајќи ги земјите-членки за неконтролирано и неефикасно трошење на средствата.
Финансиските санкции беа најавени за време на гласањето за резолуцијата со која се осудува едностраното признавање на Ерусалим за израелска престолнина од страна на Вашингтон.
