Апелација треба да се произнесе по жалбата за случајот „Поткуп“
Адвокатот на Заев, на вчерашната јавна седница рече дека доказот бил незаконски прибавен од агент- провокатор, бидејќи немало судска нареба. Вишиот јавен обвинител, жалбите на одбраната ги отфрли како неосновани.

Скопска Апелација треба да се произнесе по жалбата на одбраната на Заев за случајот „Поткуп“, ПИ-мерките да не бидат дел од доказната постапка, бидејќи делови беа јавно објавени на видео сервисот „Јутјуб“.
Адвокатот на Заев, на вчерашната јавна седница рече дека доказот бил незаконски прибавен од агент- провокатор, бидејќи немало судска нареба. Вишиот јавен обвинител, жалбите на одбраната ги отфрли како неосновани.
Посочи дека доказот е законски прибавен и судот тоа го утврдил. Инаку, рочиштето за „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, е одложено за 29-ти јануари.
Обвинет е за барање и за земање поткуп од околу 160 илјади евра од струмички бизнисмен за легализација на земјиште.
