Норвежаните најдобри, пред Германија и Австрија
Во спортот во којшто се најтрофејна нација, Норвешките нордиски комбинаторци го освоија само второто злато во екипна конкуренција.
16 години по Нагано, одново се на врвот на пиедесталот. Шампионот на поединечното натпреварување Јерген Грабек за три десетинки беше побрз од Германецот Фабијан Рисле, откако со Австријците трите селекции претходно заедно ја трчаа целата штафетна трка 4х5 километри. Фабио Штехер немаше сили во финишот и по двете злата од Торино и од Ванкувер, на Австријците им донесе само бронза.

По утринскиот сегмент од по еден скок на поголемата 140-метарска скокалница, во водство беше Германија, пред Австрија и Норвешка. Сепак, Магнус Моан уште во првата замена ја поништи негативата од 25 секунди, по што Хавард Клеметсен, Магнус Крос и Грабек ја заслужија славата. Покрај Рисле, во сребрениот германски тим, третпат второпласиран на последните четири олимпијади, беа и Ерик Френцел, Бјорн Кирхајзен и Јоханес Ридзек. Заедно со Штехер, пак, бронзени медалисти кај Австријците беа и Лукаш Клапфер, Криштоф Билер и Бернард Грубер.