Прилеп: Новогодишна прослава со хумана цел

26.12.2017 11:15

Новата 2018-та година прилепчани, главно ќе ја пречекаат дома, со семејството или ќе ја прифатат понудата на градот на заедничка прослава но со хумана цел- за отворање Дневен центар за децата заболени од церебрална парализа.

Дома, со семејството и пријателите и без многу патувања и хотелски аранжмани. Ваков е одговорот на прилепчани за пречекот на Новата 2018-та година. Градот украсен, елката е на старото место, но граѓаните штедливи во трошењето, освен кога се во прашање децата и нивните желби.

Градот со организирана прослава на плоштадот, но со хумана цел. Институциите и здруженијата доброволно се вклучуваат, а општината парите ќе ги пренамени за отворање Дневен центар за 100-ината деца заболени од церебрална парализа.

В четврток, за прв пат, ќе се одржи концерт на класична музика, в петок премиера на претставата „Клетници“ во Народниот театар. В сабота детска претстава, а в недела од 22 часот па до првите часови во новата година, забава за сите - од групата „Д фоур“ и Блага Петреска. Локалните власти со покана за новогодишен пречек со хумана цел.

Првиот чекор во Нова година, прилепчани, главно, ќе го направат од својот дом или од центарот на градот.

 

Елизабета Митреска