Перу: Протести против помилувањето на Фуџимори
26.12.2017 11:19
Неговиот наследник ја донесе одлуката откако Фуџимори беше хоспитализиран поради аритмија и низок притисок.
Полицијата во Перу со солзавец им се спротивстави на илјадници демонстранти во Лима, револтирани од помилувањето на поранешниот претседател Алберто Фуџимори. Неговиот наследник ја донесе одлуката откако Фуџимори беше хоспитализиран поради аритмија и низок притисок.
„Претседателот Кучински да си поднесе оставка! Повторно да се обвини извршителот на геноцид Фуџимори! Народот се обединува во народно востание.“
79-годишниот беше претседател од 1990 до 2000 година. Од 2007 отслужува казна од 25 години затвор заради корупција и злосторства против човештвото, бидејќи наредил убиство на 25 луѓе.
