Кина

Шангај: Ограничување на населението до 25 милиони жители

26.12.2017 12:02

Мерката е дел од општиот план за развој на градот за периодот во овој временски период, кој опфаќа и ограничување на вкупната површина определена за градби до 3.200 километри квадратни.

Градската управа на кинескиот финансиски и економски центар Шангај најави ограничување на бројот на населението до 25 милиони жители до 2035 година.

Мерката е дел од општиот план за развој на градот за периодот во овој временски период, кој опфаќа и ограничување на вкупната површина определена за градби до 3.200 километри квадратни.

Целта е да се намали загадувањето на животната средина, прекумерниот сообраќај и недостигот на јавни услуги, како што се образованието и здравството.