Одложено судењето за „Траекторија“ за 31-ви јануари

26.12.2017 12:12

Во случајот се обвинети екс- премиерот Груевски, поранешниот вицепремиер Пешевски, екс министерот за транспорт Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Георгиевски, за злоупотреба на функциите при изборот на компанија за изградба на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид...

Судењето за „Траекторија“ е одложено за 31-ви јануари. Судијката Верка Петковска која е дел од Судскиот совет по Нова година е распоредена во друг оддел, па судењето ќе треба да почне од почеток. Доказите на Специјалното јавно обвинителство се преведени, одбраната ќе ги подигне денеска, за да може да направи увид до следното рочиште.

Во случајот се обвинети екс- премиерот Груевски, поранешниот вицепремиер Пешевски, екс министерот за транспорт Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Георгиевски, за злоупотреба на функциите при изборот на компанија за изградба на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, со што според СЈО, го оштетиле буџетот за најмалку 155 милиони евра.

На некој начин давањето на 15 судии на Совет за факти за разрешување требаше да внесе страв кај судиите и веројатно внесе кај некои од нив, изјави денеска Груевски. Посочи дека бил извршен и притисок врз Апелацискиот суд да ги прифати монтираните разговори како докази, иако, како што рече, Законот многу јасно и недвосмислено покажува дека тоа не може да бидат докази во доказна постапка.

Кога сфатија дека и тоа не е доволно одлучија да ги менуваат судиите и да ставаат нови судии и можеме да претпоставиме под кои критериуми, рече тој обвинувајќи дека се случува политички прогон.