Заев: Подготвен сум за соработка со сите политички субјекти, сѐ уште нема решение за името
Коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот Анѓушев дека за него е прифатливо името, Северна, Горна или Нова Македонија, Заев вели дека како демократ ги почитува сите мислења, но тврди дека засега нема решение за името.

Подготвен сум за соработка со сите, вели премиерот Заев, по најавата дека Алијансата за Албанците на Зијадин Села излегува од Владата, откако ќе се донесе Законот за јазиците.
„Со недавањето поддршка за д-р Венко Филипче, Алијансата за Албанците најави дека заминува од Владата. Јас останувам со намерата дека ќе можеме да продолжиме да соработуваме за она што значи реформи, Законот за јазици, ратификација на Договорот со Бугарија, дво третинските закони кои доаѓаат“, изјави денеска премиерот Заев .
Коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот Анѓушев дека за него е прифатливо името, Северна, Горна или Нова Македонија, Заев вели дека како демократ ги почитува сите мислења, но тврди дека засега нема решение за името.
„Како демократ ги почитувам сите размислувања и дебати. Ние немаме влезено во суштина на разговорите со Грција, се надевам ќе навлеземе во суштината со конечно решение на овој проблем кој Грција го има со нашето име. Веројатно варијаблите кои ги има во јавноста, вицепремиерот Анѓушев си дозволил да ги коментира отворено. Граѓаните треба да знаат дека ќе бидеме транспарентни во процесот, но досега, она што е разговарано со посредништво на Метју Нимис, е решителноста на двете страни, да навлезат суштински во проблемот со името кој Грција го има. Јас верувам дека ќе се изнајде решение буквално на сите нивоа“, изјави премиерот Заев.
Премиерот Зоран Заев денеска беше во посета на откупните пунктови за тутун во Прилеп.
