Пријавување новороденчиња во Скопје на едно место, изводот за пет дена

26.12.2017 12:37

Според директорот на Управата за водење матични книги Ѓоко Котевски, станува збор за реформа во матичната евиденција со која ќе бидат опфатени сите кои се поборници за традиционалниот начин на пријавување.

Од 1-ви јануари документацијата за Изводот од матичната книга на родени за новороденче ќе се доставува во просториите на стара Комерцијална банка, во близина на Камениот мост. Надлежните информираа дека одговориле по барањата на граѓаните дека во некои општини се чека и по десетина дена за документот.

Според директорот на Управата за водење матични книги Ѓоко Котевски, станува збор за реформа во матичната евиденција со која ќе бидат опфатени сите кои се поборници за традиционалниот начин на пријавување.

За пријавување е неопходно еден од родителите да дојдат на шалтерите за водење  матични книги во скопското подрачно оделение на Управата, при што треба да приложи две важечки лични карти, венчаница или изводи за родени од двајцата родители.

И натаму продолжува проектот „Добредојде бебе“ со кој родителите и имаат опција да го пријават раѓањето уште во болницата и таму да го добијат изводот.