Почина затвореник на Токсикологија

26.12.2017 13:24

Бил донесен со возило на Итната медицинска помош, откако му се слошило додека бил во неговата ќелија.

39- годишен битолчанец кој издржувал затворска казна во затворот „Идризово“ ноќеска починал на Клиниката за токсикологија. Бил донесен со возило на Итната медицинска помош, откако му се слошило додека бил во неговата ќелија.

Во затворот бил од 3-ти септември 2014-та година, а осуден бил на казна од три години и седум месеци.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.