Русија гради бази за постојано присуство во Сирија

26.12.2017 14:57

Документот им овозможува влез на руските бродови во сириските води и распоредување на 11 воени бродови во објектите.

Русија гради бази за постојано воено присуство во Сирија. Горниот дом на Парламентот ја одобри ратификацијата на договорот меѓу Русија и Сирија за проширување на поморските објекти на крајбрежјето.

Документот им овозможува влез на руските бродови во сириските води и распоредување на 11 воени бродови во објектите.

Базата во Тартус ќе се користи 49 години, а договорот може да биде продолжен со согласност од двете страни.