Нема нови и млади писатели за детска литература

20.02.2014 13:43

Стимулацијара на детското творештво и поддршката на проектите наменети за младата популација е еден од приоритетите на министерството за култура. Истакна министерката за култура Елизаббета Канческа Милевска по средбата со писателите за деца. Со апел што повеќе да се пишува за децата, да се мотивираат младите автори да пишуваат ваква литература, бидејќи навиите за читање, создавањето услови за учество во разни културни практики, негувањето на македонскиот јазик и јазиците на заедниците се од особено значење во целокупниот образовен процес.

„Поддршката е навистина доста голема, од околу 1600 проекти пристигнати во делот на издавачката дејност 51 проект беа наменети  за децата и за помладата популација, и тие се поддржани“ истакна министерката за култураЕлизабета Канческа Милевска

„ За прв пат по толку години наместо 5 до 10 наслови со творби за деца се финансирани, се поддржани дури 50 дела. “ изјави писателот,  Александар Кујунџиски

„ Детската литература во моментов за жал неможе да се пофали со нови и млади автори, тоа е нашата главна иницијатива„ изјави  Ксенија Макајазлиева, уредник на списание за деца

„ За литературата за деца и млади треба нешто сериозно да се направи зашто таа литература ставена е на маргините пред се од писателскиот еснаф.“ изјави писателот Горјан Петревски.