Двајца работници повредени во „ИГМ Трејд“ во Кавадарци

27.12.2017 10:36

Работниците биле качени на изработена корпа подигната од вилушкар. При спуштањето корпата се заглавила, двајцата работници паднале и се повредиле, од кои едниот потешко.

Двајца работници биле повредени вчера во „ИГМ Трејд“ од Кавадарци. Како што соопшти СВР- Велес, несреќата се случила при отстранување дефект во фабриката.

Работниците биле качени на изработена корпа подигната од вилушкар. При спуштањето  корпата се заглавила, двајцата работници паднале и се повредиле, од кои едниот потешко.

Повредените биле пренесени и згрижени во кавадаречката болница, се вели во соопштението на СВР- Велес.