Владата усвои повеќе предлог- закони од областа на правото
Министерство за правда предложило, а Владата го разгледала и усвоила Предлог- законот за дополнување на Законот за извршување санкции, со кој се овозможува највисока можна објективност на истрагите за пречекорувањата на затворската полиција, заради обезбедување на непристрасна оценка во заштита на човековиот дигнитет.

Владата на вчерашната 45-та седница го разгледа и утврди Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за судовите, кој има за цел да овозможи воведување на ефикасна контрола над работата на полицијата преку воспоставување на надворешен механизам.
Министерство за правда предложило, а Владата го разгледала и усвоила Предлог- законот за дополнување на Законот за извршување санкции, со кој се овозможува највисока можна објективност на истрагите за пречекорувањата на затворската полиција, заради обезбедување на непристрасна оценка во заштита на човековиот дигнитет.
Владата на седницата дала виза и на Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за јавнообвинителска служба, со кој се предлага во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, да се формира посебно Одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.
