Одложени продолженијата на собраниските седници закажани за денеска

27.12.2017 11:11

Единствено засега за утре е префрлена 22-та седница, на која на дневен ред се реформските закони од правосудството. За утре во Собранието е закажана и седница за пратенички прашања...

Собранието на Република Македонија ги одложи за денеска закажаните продолженија на пет седници. Единствено засега за утре е префрлена 22-та седница, на која на дневен ред се реформските закони од правосудството.

Нема информација за тоа зошто се одложени седниците. За утре во Собранието е закажана и седница за пратенички прашања, како и седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.