Хан: 2025-та година амбициозна, но реална цел за прием на кандидати од Балканот во ЕУ
Претседателот на Европската комисија ја наведе, за некои кандидати, 2025-та како можен датум за пристапување. Ова е реално, иако амбициозно, рече Хан во интервју за виенскиот дневен весник „Курир“.

Европскиот комесар за проширување и соседска политика, Јоханес Хан оцени дека 2025-та година, како датум за евентуален прием на кандидати од Балканот во Европската унија, е реална, но амбициозна цел.
Претседателот на Европската комисија ја наведе, за некои кандидати, 2025-та како можен датум за пристапување. Ова е реално, иако амбициозно, рече Хан во интервју за виенскиот дневен весник „Курир“.
Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, неодамна изјави дека очекува до средината на наредната деценија проширување на ЕУ со најмалку две земји од Западен Балкан.
