Загадувањето алармантно, интервентните мерки стапуваат во сила

27.12.2017 12:11

Мерните станици во Скопје најголема концентрација на ПМ10 честички покажуваат кај Ректоратот, во Лисиче, Гази Баба и во Центар. Ситуацијата не е подобра ниту во другите градови. Високо ниво на загаденост има и во Кичево, Тетово, Битола, Куманово, Велес и Кавадарци.

Ослободување од работни обврски на бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Владините мерки против загадувањето стапуваат во сила по добиените информации за квалитетот на воздухот кој последователно, повеќе од два дена е загаден.

Мерните станици во Скопје најголема концентрација на ПМ10 честички покажуваат кај Ректоратот,  во Лисиче, Гази Баба и во Центар. Ситуацијата не е подобра ниту во другите градови. Високо ниво на загаденост има и во Кичево, Тетово, Битола, Куманово, Велес и Кавадарци.

Министерството за животна средина и просторно планирање овие мерки ги предлага согласно заклучокот на Владата на 40-тата седница, во кој се предлага реорганизација на работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот.

Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба, сите правни субјекти да го реорганизираат работното време.

Во мерките се наложува сите органи на државната управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат до 50 проценти употребата на службените возила.

Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници, да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.

Државниот инспекторат за животна средина да започне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола како и да се даде препорака за намалување на капацитетот на производство до 50 проценти со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.