Дијабетичарите со отворено писмо до Заев, бараат да стави крај на инсулинската криза
27.12.2017 12:21
Здружението потсетува дека скоро еден месец некој си поигрува со судбината на над 50.000 од инсулин зависни граѓани, од кои над 500 се деца.

Здружението на лица со дијабететес од Велес упати отворено писмо до премиерот Зоран Заев, во кое бара лично да се ангажира за да се стави, како што велат, крај на кризата со недостиг на инсулин.
Здружението потсетува дека скоро еден месец некој си поигрува со судбината на над 50.000 од инсулин зависни граѓани, од кои над 500 се деца.
„Време е вие лично да се ангажирате и да дејствувате за да се обезбеди навремена и редовна достава на инсулинот до болните“- се вели во отвореното писмо упатено до премиерот Заев од здружението на лица со дијабетес „Шеќерче- лолипоп“ од Велес.
