Брамерц: Хашкиот суд работеше коректно
27.12.2017 12:23
За српскиот весник „Вечерње новости“, Брамерц изјави дека Белград не требал да биде изненаден од тоа што најголем број на осудениците биле од Србија...

Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серџ Брамерц е задоволен од работата на Судот кој, според него, напишал голем дел од историјата на конфликтите во поранешна Југославија, и работел независно, непристрасно и без дискриминација на верска или национална основа.
За српскиот весник „Вечерње новости“, Брамерц изјави дека Белград не требал да биде изненаден од тоа што најголем број на осудениците биле од Србија бидејќи постоеле факти кои докажале дека српските власти правеле сериозно етничко чистење во Хрватска, Босна и Херцеговина и на Косово.
