Повеќе се преведуваат странски, отколку македонски автори

20.02.2014 13:48

Според писателот Венко Андоновски ваквиот тренд треба да сe смени што побрзо со оглед на тоа дека главното од светската книжевност е веќе достапно кај нас...

Mногу повеќе се преведуваат странски автори на македонски јазик отколку македонски автори на странски јазик – констатација на писателот Венко Андоновски. Според него, ваквиот тренд треба да сe смени што побрзо со оглед на тоа дека главното од светската книжевност е веќе достапно кај нас.

За мене е многу важно да се воспостави обратна релација, односно да се размислува за промислено, систематско и одбрано претставување на важни македонски автори во странство-рече писателот Венко Андоновски.

Граѓаните најмногу сакаат да читаат историски приказни, но и модерни и еротски романи. Квалитетот на преводот е исто толку важен колку и содржината на делото. Јазичните норми и вредности мора максимално да се почитуваат.

Колку се читаат македонските автори што се преведени, пред се, според оние показатели што ги имаме ние како Градска библиотека и според оние показатели коишто се достапни во јавноста-истакна писателот Братислав Ташковски.

На трибината дилеми за размислување - дали македонските автори стануваат здодевни со македонски теми и дали книжевните награди и медиумското присуство влијаат на создавањето на вистинската слика за одреден автор и неговото дело.

 

Александра Перевска