Бошњаковски: Нема инсулинска криза

27.12.2017 12:46

Нашите информации говорат дека во моментов има доволно залихи и не постои инсулинска криза, изјави владиниот портпарол Бошњаковски...

Одговарајќи на новинарско прашање, владиниот портпарол Миле Бошњаковски ги отфрли тврдењата дека има недостиг од инсулин во земјава.

Нашите информации говорат дека во моментов има доволно залихи и не постои инсулинска криза, истакна Бошњаковски, најавувајќи дека новиот министер наскоро ќе излезе на прес-конференција и јавноста ќе има повеќе информации за сите актуелни прашања поврзани со секторот здравство.

Здружение на лица со дијабет од Велес денеска излезе со отворено писмо до премиерот Зоран Заев во кое укажува дека речиси цел месец нема инсулин и дека повеќе од сериозна е состојбата со лицата со дијабет во државата. 

Владата на вчерашната седница дала виза на неколку законски тесктови од областа на судството, а Бошњаковски најави дека премиерот за дочек на Новата година ќе биде во Солун, на покана на градоначалникот Бутарис.