Се одложи судењето за насилството во Центар
27.12.2017 13:03
Новото рочиште е закажано за втори февруари. Меѓу обвинетите се поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и Миле Јанакиески.

Судењето за насилството во Општина Центар ќе почне од почеток. Причината за ова е смена на судечкиот судија, кој согласно со новиот годишен распоред ќе суди во друг оддел.
Новото рочиште е закажано за втори февруари. Меѓу обвинетите се поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и Миле Јанакиески.
Во изјава за медиумите, Груевски тврди дека со овој и со другите предмети што ги отвори Специјалното обвинителство се прави политичка хајка против истакнати членови на неговата партија.
