ВМРО-ДПМНЕ: Правосудните органи да ја исправат неправдата

27.12.2017 13:05

Правосудните органи имаат можност да ја исправат неправдата и да ги прекинат неаргументираните притвори за фабрикуваното обвинение за тероризам, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Изминуваат 30 дена од неправедното притворање на невини луѓе, само заради политичка одмазда. Правосудните органи имаат можност да ја исправат неправдата и да ги прекинат неаргументираните притвори за фабрикуваното обвинение за тероризам, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

За да биде поголем срамот, судот им определи притвор ценејќи дека тие може да го повторат делото, да избегаат или да влијаат на истрагата, стои во дописот.

Според опозициската партија, тие немаат сторено никаков прекршок во изминатите шест месеци, исто како што немаа сторено ништо и пред 27-ми април, велат од ВМРО-ДПМНЕ.