Координаторите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ на средба за идното функционирање на Собранието
На координација пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ одлучи во наредниов период да ги дефинира чекорите за натамошно дејствување, се вели во соопштението.

Координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ во текот на денешниот ден ќе одржат средба на која што ќе се разговара околу идното функционирање на Собранието, соопшти опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
На координација пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ одлучи во наредниов период да ги дефинира чекорите за натамошно дејствување, се вели во соопштението.
Повторена е поддршката за неправедно притворените во врска со настаните од 27-ми април, и реафирмирани се позициите, дека правото не смее да биде погазено од мотивите за политички прогон.
Одговорност на власта, односно мнозинството на СДСМ е да обезбеди нормално функционирање на Собранието, се вели во соопштението на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
