Русија

Приведен напаѓачот во Москва

27.12.2017 14:28

Поранешниот сопственик на фабриката Илија Аверјанов се забарикадира во фабриката, од каде истрела неколку куршуми. Руски „Комерсант“ наведува дека фабриката на еден од доверителите му должела околу два милиони евра.

Специјални единици од националната гарда на Русија извршија упад во кондиторската фабрика во Москва, и го приведоа напаѓачот, кој изутрината уби еден човек и рани уште тројца.

Поранешниот сопственик на фабриката Илија Аверјанов се забарикадира во фабриката, од каде истрела неколку куршуми. Руски „Комерсант“ наведува дека фабриката на еден од доверителите му должела околу два милиони евра.

Бил склучен пријателски договор, според кој, поранешниот сопственик требало да ја предаде зградата како порамнување на долгот, но тоа не се случило.

Аверјанов отворил оган кога пристигнал извршител.