Пекинг
Кина ќе го менува Уставот
27.12.2017 15:31
Одлуката за измени на Уставот е донесена на денешната седница на Политбирото, со која претседавал генералниот секретар на партијата и кинески претседател Си Џинпинг.

Политбирото на владејачката Комунистичка партија на кина донесе одлука во следните месеци да иницира предлог-амандмани на Уставот на земјата, што би била негова прва измена по 2004 година.
Одлуката за измени на Уставот е донесена на денешната седница на Политбирото, со која претседавал генералниот секретар на партијата и кинески претседател Си Џинпинг.
Западни извори шпекулираат дека е можно да станува збор за уставни амандмани со кои би му се овозможило на си да остане на претседателската функција и по истекот на неговиот сегашен мандат во 2022 година.
