Продолжен притворот за 29 лица обвинети за собраниските настани од 27-ми април
Притворот им е продолжен за уште 30 дена. На барање на јавниот обвинител, на двајца им се укинува затворскиот, а им е определена мерка домашен притвор.

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 донесе одлука да им го продолжи затворскиот или куќниот притвор на 29-мина, опфатени со предметот на обвинителството за собраниските настани од 27-ми април.
Притворот им е продолжен за уште 30 дена. На барање на јавниот обвинител, на двајца им се укинува затворскиот, а им е определена мерка домашен притвор.
Против решенијата на Кривичниот суд, осомничените имаат право на жалба до Апелација во рок од 48 часа. За шесте пратеници, одлука треба да се донесе за притворите треба да се донесе на 5 јануари, а по четворица, кои сѐ уште се во бегство, е распишана потерница.
Претходно, опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара правосудните органи да ја исправат, како што велат, неправдата и да ги прекинат притворите.
