Повикот за гасификација на скопскиот регион до 26-ти мај
Целиот процес на гасификација ќе значи зголемување на конкурентноста, продуктивноста и ефективноста на компаниите...

Скопскиот регион ќе се гасифицира за четири години, најави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Повикот за гасификација трае до 26-ти мај годинава, а веќе има заинтересирани компании за изградба на проектот. Целиот процес на гасификација ќе значи зголемување на конкурентноста, продуктивноста и ефективноста на компаниите. Станува збор за инвестиција од 100 милиони евра.
„Инвестицијата што треба да ја направат граѓаните или компаниите во зависност од тоа какво средство користат сега за греење, средствата се враќаат од две до три години“, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанкиевски.
„Ќе се овозможи да има алтернативни енергенси со што ќе се подобрат ќе се подобрат условите, нашите фабрики и производители ќе станат поконкурентни и нивните прозводи ќе бидат поконкурентни на пазарите“, оцени Сеад Кочан, претседател на Асоцијација на градежници при Сојузот на Стопански комори на Македонија.
