Владата го претстави финалниот План за економски раст
Владата го претстави финалниот план за повисок раст. 3,1 милијарда денари за поттикнување на домашното стопанство, уште една милијарда за мерките за вработување. Премиерот Заев вети економија на здрави основи. Дополнителна поддршка за малите претпријатија и фондови за оние кои почнуваат бизнис најави вицепремиерот Анѓушев...

Македонската економија в година ќе се поттикнува со 3,1 милијарда денари, уште една милијарда ќе се насочи за активните мерки за вработување. Владата уверена дека ќе се оствари проектираниот раст од 3,2 проценти. Премиерот Заев најави економија на здрави основи. Мерките во финалниот план за развој се поделени во три групи – целта е подинамичен развој и отворање работни места, зголемена конкурентноста на компаниите, потесна соработка меѓу домашните и странските фирми.
„Во март и април, компаниите ќе може да аплицираат за мерките од планот. Спроведувањето на Планот за економски раст ќе овозможи одржлив развој на економијата. Како што најавивме, во 2018-та започнуваме процес за финансиска стабилизација и разој на економијата, како важни предуслови за подобрување на квалитететот на живот на сите граѓани“, изјави премиерот Зоран Заев.
Вицепремиерот Анѓушев вели дека со поврат на нето- плата ќе се поттикнуваат повисоки плати. Во исто време, се работи на грижа за високоплатените кадри. За малите претпријатија дополнителна поддршка, ќе се основаат фондови за оние кои почнуваат бизнис.
„Дополнителни финансиски поддршки за микро и мали претпријатија и притоа, 30 процени од директните трошоци кои се однесуваат на работењето на претпријатието за креирањето на нивните знаења, повртат до 70 проценти од трошоците кои ќе прават нова изработка на амбалажа, изработка на нови модни колекции, заради тоа што сакаме посебно да ги стимулираме компаниите од текстилната индустрија, да не работат лон производство“, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Активните мерки за вработување нема да бидат ограничени до 29 години- објави Владата. Компаниите ќе ја добиваат поддршката во зависност од завршната сметка.
Дијана Ценевска
