Заменици- министри од Алијансата за Албанците поднесуваат оставки

27.12.2017 16:42

Според информациите, се повлекуваат заменик-министерот за надворешни работи, Арта Точи, и заменик-министерот во транспорт и врски, Ремзи Мемети.

Алијансата за Албанците излегува од Владата. Функционери од оваа партија си поднесуваат оставки. Според информациите, се повлекуваат заменик-министерот за надворешни работи, Арта Точи, и заменик-министерот во транспорт и врски, Ремзи Мемети.

Од Алијансата велат дека причината е нарушениот договор за коалицирање со Заев и Законот за употреба на јазици што сѐ уште не е донесен. Премиерот Заев вели дека оставката на функционерите од Алијансата за Албанците е очекуван чекор, откако Села не ја прифатил понудата за вицепремиерско место за реформи.

Сепак, претседателот на Владата вели дека нема да брза со разрешување кадри, ќе бара квалитет.