Перу: Оставки поради помилувањето на Фуџимори
28.12.2017 10:27
Освен Солар, оставка поднесе и претседателскиот советник Масимо Сан Роман, како и тројца пратеници од партијата на претседателот Кучински, кој го помилува Фуџимори на Бадник.

Перуанскиот министер за култура Салвадор Дел Солар поднесе оставка од функцијата поради помилувањето на поранешниот претседател Алберто Фуџимори, осуден за злосторства против човештвото.
Освен Солар, оставка поднесе и претседателскиот советник Масимо Сан Роман, како и тројца пратеници од партијата на претседателот Кучински, кој го помилува Фуџимори на Бадник.
Одлуката на Кучински за помилување предизвика незадоволство кај перуанците кои го обвинија дека на тој начин се обидува да се задржи на власт со помош на поддржувачите на Фуџимори во Парламентот.
